Влада: Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука за наставниот процес

од Nikola Popovski

На денешната 80-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука.

Со тоа се донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта.

Слични содржини