Влада: Луѓето од Авганистан не се бегалци, тие се на привремен престој

од Берта Китинска
250 прегледи

На новинарско прашање за владината одлука времено да им се пружи заштита на  граѓани на Авганистан, кои се наоѓаа во животна опасност, портпаролите на Владата истакнаа дека со овој гест земјата учествува во една голема светска хуманитарна операција и дека граѓаните на нашата земја треба да бидат горди на тоа, бидејќи се помага на луѓе кои се наоѓаат во животно загрижувачка ситуација.

Арсовски рече дека не станува збор за бегалци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се на привремен престој во земјава.

-Со целиот капацитет се насочени сите сили на институциите на државата да им се помогне на овие луѓе кои не се бегалци, туку се луѓе кои се вработени во меѓународни организации и кои доаѓаат во Северна Македонија одреден период додека да се средат сите документи за нивно продолжување до крајната дестинација – САД или трети држави, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

 

Слични содржини