Владата на Р.С. Македонија со заклучок од седницата одржана на 09.02.2021 год., го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност.
Министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за музичка и сценско- уметничка дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.
Свесни сме Министерството дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците. Министерството за култура сè уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година. Затоа, Министерството за култура и во овој период ги презема сите неопходни
чекори за надминување на настанатата состојба, и на Владата ќе и достави предлог за разрешување на оваа несакана ситуација, велат оттаму.