Влада: МВР нема надлежност при издавање дозволи за движење на полициски час

од Nikola Popovski
285 прегледи

„Сите граѓани кои имаат дозвола за движење за време на полициски час можат непречено да ја користат, не постои поништување дозволи“, објавија синоќа од Владата.

Според нив, граѓаните, исто така, имаат непречен влез во земјата во било кое време и тоа е потврдено и со одлука на Владата од 15 март.

„Секој граѓанин што се затекол на граничен премин за влез во земјата за време на забрана за движење, има право на непречен влез. Забраната за движење го регулира излезот од земјата односно движењето низ земјата кое е ограничено само во периодот од 22:00-05:00 часот. Единствени услови во кои физички лица без соодветни дозволи можат да се движат во периодот од 22:00-05:00 часот се итни медицински случаи кои треба да се најават на службата во 192 и непречено можат да стигнат до здравствените институции во земјава“, соопштија од таму.

Во врска со наводни „дозволи издадени од МВР”, Владата известува дека МВР нема надлежност при издавање на дозволи.

„Дозволите се издаваат по електронски пат, преку порталот за е-услуги на МИОА и тоа со приложување на соодветна документација“, стои во владината објавата на социјалните мрежи.

Слични содржини