Влада: На лицата кои не се најдоа на листата за финансиска поддршка ќе им се обезбеди посебна сметка

од Nikola Popovski
347 прегледи

На денешната своја седница Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани.

Во оваа категорија на граѓаните, спаѓаат лицата со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Слични содржини