Влада на РМ: Заканите и повиците за насилство врз новинари се срамни и неприфатливи

од desk2
61 прегледи

Владата на Република Македонија ги оценува како срамни и неприфатливи заканите и повиците полни со омраза кои доаѓаат од новинарот Цветин Чилиманов кој, се вели во соопштението од владината прес-служба, отворено наведува да биде нападната негова колешка.

– И во оваа прилика потсетуваме на ставот на Владата на Република Македонија: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, стои во владиното соопштение.

Од Владата апелираат медиумите, новинарските асоцијации и другите институции во државата, а особено обвинителството и судовите, да постапуваат максимално брзо и професионално во случај на каков било обид за напад или закана против медиумските работници.

Слични содржини