Влада: Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри!

од Берта Китинска
219 прегледи

Од Владата најостро ги  демантираат информациите  од албанските медиуми дека дел од министрите ја примиле преку ред вакцината против ковид 19.

-Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, информираат од Влада.