Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово

од Vladimir Zorba
53 прегледи

„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен. Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада“, реагираат од Владата во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСM.

„Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело.“, велат, меѓу другото, од Владата.

Слични содржини