Владата ја разгледа и усвои информација за можноста за спогодбено решавање на 9 (девет) предмети против Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кои се однесуваат на тековни кривични постапки во врска со незаконското следење на комуникациите, и го задолжи владиниот агент да го извести ЕСЧП дека Владата нема да ја прифати можноста за спогодбата по сите 9 предмети за кои се водат кривични постапки во врска со незаконско следење на комуникациите.
Во образложението во врска со оваа информација се истакнува дека Владата е должна да ги изложи пред ЕСЧП сите аргументи и да ми даде на судот во Стразбур соодветно да ги оцени предметите и дека не е подготвена да ретерира од принципите на владеење на правото, одговорност и неказнивост, со целосна почитување на презумпцијата на невиност до конечна и правосилна одлука.