На денешната седница донесе заклучок дека не е правно нормирано лице починато од Ковид-19 да биде во затворен и залемен метален сандак.
Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест КОВИД-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.