290
На вчерашната владина седница не се разговараше за продолжување на пописот, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на прес-конференција.
Според него, сите капацитети се насочени кон тоа да биде завршена операцијата во законскиот рок.
-Последниот збор ќе го има ДЗС. Од таму информираат дека се прават финални проверки за евентуалните пропуштени граѓани и веќе се затвораат пописните кругови. Во Скопје, сите расположливи капацитети се на терен, за да се заврши пописот до утрешниот предвиден рок до 20 часот, додаде Арсовски.