Влада: Премиерот беше прецизен, банално е прашањето дали нема поспособен од него во СДСМ, а не прашањата за несреќата и моралните оставки

од Берта Китинска

По бројните објави на медиумите, Владата испрати соопштение, во кое се истакнува дека ги отфрлаат сите обиди да се презентира дека премиерот рекол дека прашањата за несреќата или за моралните оставки се банални.

„Ве замолуваме внимателно да го преслушате и прегледате видеото. Новинарот поставува прашање “дали Заев еден и единствен и во партијата СДСМ и способен да го замени?”. Премиерот одговара дека таквото прашање е банално. Категорично ги отфрламе сите обиди да се презентира дека премиерот рекол дека прашањата за несреќата или за моралните оставки се банални. Тоа не е точно, напротив, премиерот на истиот прес се бореше за да обезбеди содветен амбиент за медиумите да ги постават своите прашања. Повторуваме дека коментарот за баналноста е за прашањето дали немало друг способен во СДСМ освен премиерот, а не за прашањата за несреќата или за моралните оставки“-се вели во реакцијата на Владата.

Слични содржини