Влада: Царина ќе земе примероци за анализа на мазут, по барање на ДПИ

од Nikola Popovski
331 прегледи

Владата на денешната 76-тата седница ги усвои дополнителните заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

Со новите заклучоци донесени на оваа седница Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.

Опасно масло кое смее да се користи само од бродови на отворени води и од термоелектрани, и кое во Европската Унија е забрането во урбани средини, во земјава завршувало како мазут кој се користел од бројни државни институции за греење, но и од приватни компании. Ова се наводите кои беа изнесени во првата епизода на документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Истражувачката сторија насловена „Заговор против воздухот“ предизвика огромни реакции во јавноста, но претставуваше и повод за една од главните точки на вчерашната владина седница, каде беа задолжени повеќе институции и инспекторати да се зафатат со работа и да ги истражат наводите на ИРЛ.

Слични содржини