Влада: Црвениот крст прв ќе ги пречека бегалците од Авганистан

од Nikola Popovski
286 прегледи

Од владата вечерва соопштија дека Црвениот Крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан.

Од „Илинденска бб“ праќаат пораки за топло добредојде, солидарност и поддршка за спасување живот.

-Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција.МВР ќе ги спроведе сите безбедносни проверки. Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина, велат од владата.

Претходно беше објавено дека се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Точното време на пристигнување не прецизирано, но се очекува тоа да биде вечерва.

Во земјава на бегалците ќе им се обезбеди сместување, лекарски прегелди и ковид тестирање и вакцинирање. Воедно ќе добијат статус на времен престој, најмногу до 90 денови.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во гостување на емисијата „Жешко политичко лето“ не можеше да потврди колкава ќе биде конечната бројка на бегалци кои ќе пристигнат во земјата поради проблемите со евакуацијата на аеродромот во Кабул со кој се соочуваат западните сојузници.

Слични содржини