Претседателот на македонскиот парламент вчера во Брисел се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.
Од Владат за „Локално“ велат дека единствениот официјален службен јазик на С.Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик.
– Единствен официјален службен јазик на Северна Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик, што е прецизно утврдено со Уставот.
Оттаму потенцираат дека не можат да коментираат за околностите под кои се реализираат настапите на претставниците на институциите кои не се дел од извршната власт.