Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата, информираат од владината прес-служба.
„Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала“, велат од Владата.
Додаваат дека се обезбедени 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено 7 години.
Она што останува да се надополни е во основното образование каде ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сè уште трае, стои во соопштението.
245.000 основци и средношколци ја почнаа новата учебна година. Оваа година бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните 7 години. Бројот на првачиња е намален за 3.500 што се должи на намалениот наталитет и иселувањето.
Владата со план за лимитирање на цените на производите, за порелаксиран старт на учебната година и олеснување на трошоците на родителите.