Влада: Знамето има специфична државна вредност, не треба да се става на лого за прослави

од Nikola Popovski
365 прегледи

Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и истото не треба да се става во логоа за прослави. Тоа треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано во законот.

Оваа реакција на Владата слелдува по коментарите на социјалните мрежи за логото за одбележување на 30 години од независноста на земјата. Како што информираат од владата на логото за јубилејот „30 години независност“ истакна ти се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30.

„Логото не го содржи државното знаме, Сонцето кое е употребено во логото е различно од Сонцето од државното знаме“ реагираат од Владата.

Тие посочуваат дека покрај оваа и други Влади претходно за државни празници често користеле разни варијации на Сонцетото како симбол. Така и Сонцето кое е употребено во логото за 30 години независност е со поинакви и поголем број краци од Сонцето на државното знаме.

Слични содржини