Владата бара да се ограничи употребата на гумените куршуми

од Vladimir Zorba
63 прегледи

 Премиерот и министрите на синоќешната 43 седница ги усвоија измени на Законот за полиција со кои ќе се ограничи употребата на гумени куршуми.

„Најавуваме измени и дополнување на Законот за полиција со којшто ќе се ограничи употребата на средства за присила како што се гумените куршуми, хемиски средства и слично“, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во видео клип објавен на неговиот профил на „Твитер“.

Тој соопшти дека основна цел на измените е да се намалат штетните последици од нивната примена.

Актуелниот Закон за полиција, кој беше изгласан во 2015 година, и овозможува на полицијата да користи гумени куршуми и електрични пиштоли за справување со агресивни демонстранти, со цел „привремено онеспособување и доведување во послушност на агресивни лица, кога со други средства лицето не може да се доведе во послушност“.