Владата бара да се преземат мерки за заштита на македонските набљудувачи од ОБСЕ во Украина

од Nikola Popovski
223 прегледи

Владата на Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Министерот Бујар Османи информира дека 12 луѓе досега ја информирале Амбасадата дека се вратиле во Македонија, додека пак во Украина остануваат 30 набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ.

„Нашата позиција е поспецифична бидејќи ние сме дел од тројката, дел од претседавањето во ОБСЕ и внимаваме какви пораки ќе дадеме во мониторинг мисијата на ОБСЕ. Во контакт сме со набљудувачката мисија“, кажа Османи на прес-конференција.