Владата демантира дека се грешеле знамиња: Злоупотребен е моментот кога е заменет симболот на ЕУ

од Nikola Popovski
26 прегледи

Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер, велат од Владата по објавата на „Топ чанел“ за „недоразбирањето“ со знамињата на ЕУ и Косово на вчерашната прес-конференција во Владата.

Од Владата додаваат дека не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата, односно тврдат дека во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово.

-Овој вид на т.н известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт.

Ги замолуваме медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите, стои во соопштението од Владата.

Албанската тв „Топ чанел“ вчера објави дека знамињата слични едно на друго – жолти ѕвезди на сина позадина, но косовското со картата од територијата, предизвикале забуна кај македонскиот протокол.

Се наведува во нивниот текст дека грешката била забележана и поправена, па знамето на ЕУ набрзо било заменето со косовското знаме.

Слични содржини