Владата демантира: Не се планира никаква програма за вработување на бегалци од Авганистан

од Nikola Popovski
330 прегледи

Владата не ветувала програма за вработување на граѓаните кои бараат засолниште од хуманитарната криза во Авганистан, соопштија од „Илинденска бб“, откако денеска поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека земјава размислува за вработување на бегалците од Авганистан.

Од таму додаваат дека Владата не планира никаква програма за вработување на граѓаните кои бараат засолниште од хуманитарната криза во Авганистан.

-Тоа не е точно, најостро ги отфрламе ваквите невистини. Уште еднаш потенцираме дека станува збор за граѓани кои во Авганистан работеа за меѓународните демократски мисии и организации, новинари, активисти на организации за човекови права, како и за деца и членови на нивните семејства, велат од Владата.

Владата уште еднаш потврди дека не е точно дека Северна Македонија ќе има голем финансиски трошок од спасувањето на Авганистанците.

-Речиси сите трошоци сместувањето и за сѐ друго што е неопходно ги покриваат меѓународните организации. Апелираме до сите општествени чинители, а особено до политичките претставници на опозицијата да направат чекор и да преминат на страната на солидарноста, да поддржат спасување човечки животини и човечки судбини, да не шират дезинформации и да не предизвикуваат со тоа омраза кон демократските граѓани на Авганистан кои ќе пристигнат во земјава, соопштија од таму.

Слични содржини