Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 92 седница со повеќе точки на дневен ред и од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за проектот за човечки капитал и изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Северна Македонија, во соработка со Групација Светска Банка.
На дневен ред на денешната седница денеска е и Информацијата за Оперативните насоки за мерка 27 – финансиска поддршка со креирање на мечинг фонд за претприемачи Роми.
На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде ставена и усвојување и 64. Предлог – програмата за дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година.
За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Редовната 92 седница се очекува да започне во 13:30 часот, а пред нејзиното одржување ќе бидат одржани три тематски седници: Тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ (во 12:00 часот), Тематска седница за одбележување на 20 годишнина од Рамковниот договор (во 12:30 часот), и Тематска седница за процесот на институционална децентрализација (во 13:00 часот).