Владата добива жена за портпарол?!

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Новинарката Јасмина Аневска веројатно ќе биде првата жена портпарол на македонската влада во нејзината историја, дознава неофицијално Макфакс.

Аневска досега работеше во телевизија Телма, каде се шпекулира дека дала отказ и се подготвува за портпаролското место во Владата. Таа треба да го замени Александар Ѓоргиев, кој беше разрешен неодамна на владина седница, тврди Макфакс.

Од Телма не коментираат за причина за отказот, и зошто  и дали тие навистина се откажуваат од својот најдобар новинар и водител. Од Владата исто така нема ниту потврда, ниту демант на информацијата.  Новинарката Aневска во моментов е  на годишен одмор.

Стартот на новата функција би бил веројатно од септември.