Владата ги определи вицепремиерите и нивните должности

од Nikola Popovski
246 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.

На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и тоа:

• д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
• м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
• Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
• м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;
• д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

Слични содржини