Владата ги отфрла обвинувањата на СДСМ за расипничко трошење јавни пари

од Марта Пешевска
30 прегледи

Владата ги отфрла како невистинити и манипулативни тврдењата на СДСМ за расипничко трошење јавни пари од страна на владините функционери. Обвиненијата доаѓаат на денот кога работниците маршираат за повисоки плати и подобри услови за живот, при што портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека функционери од ВМРО-ДПМНЕ потрошиле над 30.000 евра во луксузни скопски ресторани во првите четири месеци од годината. Таа наведе дека некои сметки, објавени на платформата „Отворени финансии“, достигнуваат и до 3.000 евра.

Владата појаснува дека станува збор за трошоци поврзани со бифињата во рамките на министерствата, кои ги користат и ги плаќаат вработените, а не за лични трошоци на министрите. Истата практика постоела и за време на владеењето на СДСМ, кога услугите ги обезбедувала фирмата „Концепт“ од Струмица. Заврши времето на луксузирање и скапи патувања со владиниот авион. Апелираме до јавноста да биде внимателна со дезинформациите кои СДСМ континуирано ги пласира.

Слични содржини