Владата го разреши членот на УП на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола

348 прегледи

На денешната седница, Владата на РСМ донесе одлука за разрешување на член на Управниот одбор – претставник на основачот на Државниот студентски дом, „Кочо Рацин“ – Битола, поради судир на интереси.

Според информациите кои пристигнаа од Кабинетот на вицепремиерот, Љупчо Николовски, одлуката е донесена по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција.

„Од формирањето на новата Влада, секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по неа. Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома”, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година, и во целиот процес е најважна соработката со сите надлежни антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата“, истакнаа од кабинетот на првиот вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Како што се посочува, Владата е комплетно насочена кон почитување на независните тела во земјава, а пред се кон ДКСК, односно една од клучните институции за борба против корупцијата.

Слични содржини