Владата го задолжи министерот Филипче да го склучи договорот за набавка на вакцините против Ковид 19

На синоќешната седница на Владата, беше усвоена и Информацијата за склучување договор за преземени обврски, поточно обврзувачки договор за набавка, помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини против Ковид 19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини и за обезбедување финансиска гаранција за плаќање.

Задолжен е министерот за здравство, да го потпише договорот без да спроведе една од постапките пропишани со член 47 од Законот за јавни набавки, со оглед на тоа дека овој Договор претставува меѓународен договор со кој се преземаат права и обврски за нашата држава согласно мислењето на Министерството за надворешни работи, посочува Владата во своето соопштение.

Слични содржини