Владата и ЗЕЛС продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање соодветни решенија

од Nikola Popovski
267 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, одржаа состанок со делегација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателката и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На состанокот кој беше посветен на барањата на ЗЕЛС, беше истакнато дека Владата како централна власт ја спроведува обврската за соработка со општините во решавањето на прашањата од интерес на граѓаните на локално ниво.

На состанокот се дискутираше за повеќе отворени прашања како интензивирањето на постапката за формирање на работната група за продолжување на процесот на децентрализација како и за моделот на финансирање на локалната самоуправа. Дискусијата се однесуваше и на фискалната децентрализација со која се предвидува зголемување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите, но и зајакнување на финансиската дисциплина на општините со цел намалување на долговите и домаќинско работење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста.

На состанокот се разговараше и за барањето кое се однесува на финансирањето на образованието, детската и социјална заштита и противпожарната заштита, како и за барањата во сферата на урбанистичкото планирање, градење и градежно земјиште. Енергетската ефикасност на општините, како и унапредување на системот за наплата на данокот на имот исто така беа предмет на разговор на денешниот состанок.

Владата и ЗЕЛС ќе продолжат со дијалогот со цел изнаоѓање најсоодветни решенија во решавањето на прашањата кои ги засегаат граѓаните на локално ниво.

Слични содржини