На денешната 73. седница, Владата одобри над 2,3 милијарди денари за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи и сензори за мерење гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година. Средствата ќе се исплаќаат според утврдена динамика преку Програмата за инсулинска терапија.
На 74. седница, Владата донесе одлука за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој треба да почне со работа од студиската 2026/2027 година. Целта е унапредување на здравственото образование, особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Дополнително, одобрено е и буџетско учество за реализација на заем за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали и реконструкција на училишта, како дел од поширок проект за подобрување на образовната инфраструктура и условите за школување.