Владата ја донесе Програмата на економски реформи 2022-2024 година

од Nikola Popovski

На денешната седница Владата ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста  и растот на економијата.

Со усвоената Програма следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување зелена транзиција, како и подобрување на конкурентноста на домашните  претпријатија, нивна интеграција во глобалните вредносни синџири и формализација на економијата.

Новина во Програмата на економски реформи 2022-2024 се реформите во животната средина во делот на Зелена транзиција, а коишто се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици е енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Слични содржини