Владата денеска ја донесе и Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми во насока на заштита на плурализмот од областа на медиумите.
Програмата за поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми предвидува поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина до 50% за направените трошоци за печатење и во висина до 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина не помалку од 50%, но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и во висина не помалку од 50% но не повеќе од 70% за трошоци за дистрибуција, согласно доставените фактури за календарската 2020 година.
Јавниот повик за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година ќе биде објавен во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма со објава во „Службен весник на Република Северна Македонија“.