Владата ќе одлучува дали ќе остане одлуката за влез без ПЦР тест

од Берта Китинска
117 прегледи

Владата денеска напладне ќе одржи седница онлајн на која ќе го рагледа записникот од шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.

На дневен ред на оваа владина седница се и Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2019 година, Годишниот извештај за работата на Државното правобранителство за 2019 година, како и неколку точки под надлежност на Министерството за транспорт и врски како што се информацијата за напредокот на изградбата на железничкииот граничен премин „Табановце“ до 30 септември годинава и Ииформацијата за воведување на информациски систем за управување со енергијата – ЕМИС до 30 септември годинава.

Слични содржини