Владата ќе одржи вонредна седница поради рускиот напад на Украина

од Nikola Popovski
212 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ја осуди агресијата која што Русија ја изведе утрово врз Украина.

-Тоа е акт на агресија, која што е недозволива. Ја почитуваме и поддржуваме територијалната незавиност на Украина. Стоиме со народот на Украина во оваа ситуација. Нудиме помош на Украина толку колку што можеме и така како што можеме да помогнеме во овие тешки моменти, рече Маричиќ.

Вицепремиерот информира дека Владата денеска ќе одржи вонредна владина седница, специјално за рускиот напад на Украина.

-Деталите што ќе правиме и што правиме ќе бидат објаснети после седницата, додаде Маричиќ.

Слични содржини