Владата ќе решава за укинувањето на полицискиот час

од Берта Китинска
320 прегледи

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи редовната 78-ма, тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

Во 13:00 часот, ќе започне 79-тата седница, со повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

На таа седница, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.

Според предложениот дневен ред, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на текст на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Командата на Врховниот Сојузнички Командант за трансформација и Врховната Команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето на поддршка од земја домаќин за спроведување на НАТО операции, вежби и слични воени активности.

Слични содржини