Владата ќе спроведе јавна расправа за обрзованието, историјата нема да се укине

137 прегледи

Најавено е спроведување на исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука, како и Бирото за развој. Истиот процес ќе биде максимално инклузивен за сите засегнати страни, со цел да се дојде со најдобри решенија во согласност за најавениот концепт за основно образование, е заедничкиот заклучок од седницата на Владата, по презентацијата на Нацрт-концепцијата за основно образование.

Инаку во заедничкиот заклучок стои дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

„Презентацијата јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин„, се вели во соопштението од Владата.

Меѓудругото,Министерството за култура доби согласност од Владата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020. година.

„Со измените на програмата се предвидува продолжување на реализацијата за изградба на новите објекти – театри, во Тетово, Струмица и Велес, се планира почеток со обезбедување на проектна документација за реконструкција на објектот театарот во Куманово и обезбедување проектно техничка документација за технички преглед на реконструкцијата на НУ Албански театар“, истакнуваат од Владата.

Слични содржини