Владата ќе го обновува возниот парк со хибридни и електрични возила

од Nikola Popovski
46 прегледи

Владата ќе набавува електрични возила како поекономични, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој информира дека како Влада ги задолжиле институциите да направат попис на сите службени возила и попис за потребите на возила.

-Второ што сакаме да направиме е да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме една нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични возила, хибридни итн. Возила со коишто сигурно нема да биде мисијата на лоши честички, оваква каква што е сега и очекувам дека набрзо тоа ќе го направиме, но секако не оваа година, бидејќи тоа мора да биде предвидено во буџетот за следната година, рече денеска Мицкоски.

Премиерот оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија.

Слични содржини