Владата ќе го разгледа бугарскиот нацрт-предлог за пругата на Коридор 8

од Nikola Popovski
130 прегледи

Владата на вчерашната седница го усвои нацрт-текстот на Договорот за подготовка, изградба и користење на прекуграничниот железнички тунел, поднесен од Бугарија.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, предлогот во наредниот период ќе го разгледува Работната група за чие формирање е одлучено и во која ќе членуваат Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, која во наредниот период ќе работи на разгледување на предлогот.

Во соопштението се нагласува дека „Владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, вклучувајќи го и Коридорот 8“.

„Во таа насока, изградбата на Коридорот 8 е стратешки проект кој добива големо внимание и се преземаат активности како дел од приоритетите за негово завршување. Целта на Владата е да продолжи изградбата на источниот дел од железничкиот коридор 8 и неговото поврзување со Бугарија преку Министерството за транспорт“, стои во соопштението на Владата.

„Беа потврдени владините ставови – за железницата да биде функционална и Коридорот 8, да има смисла и да ги задоволи потребите за кои е наменет, мора да има заеднички проект за тунел со Бугарија и изградбата на тунелот да се изведува заеднички“, се вели во соопштението.

Слични содржини