Владата ќе го разгледа извештајот за зголемените цени: Дали ќе се преземат мерки?

од Nikola Popovski
129 прегледи

Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија на денешната владина седница треба да презентираат извештај за цените на храната и можните мерки за нивна контрола во земјава.

Темата е на дневен ред на владината седница по бојкотот на супермаркетите во земјава во последните два петоци, од кои во првиот, според Министерството за економија, прометот на големите ланци маркети бил намален за 50 отсто. На денот на вториот бојкот, минатиот петок, одливот на купувачи бил помал, а падот на продажбата бил 22,5 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски викендов најави дека на владината седница ќе се разговара и за цените. Бојкотот на супермаркетите го поддржа и од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само супермаркетите, туку и другите малопродажни места, како што се аптеките и продавниците за апарати, ќе бидат предмет на анализа. Не е можно некои производи во соседните земји да се два или три пати поевтини од кај нас, а тоа е ист производ од ист производител и со иста царинска стапка“, рече Мицкоски во неделата по посетата на општина Аеродром и додаде дека бара решението да се најде со дијалог.

„Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, се скрши наруши меѓу власта и трговците“, рече Мицкоски во однос на т.н. новогодишна корпа, откако од СДСМ акцијата ја нарекоа неуспешна бидејќи пред ветеното намалување на цените, трговците веќе ги зголемија.

Според министерот за економија Бесар Дурмиши, продолжува контролата над дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

„Надзор се врши на целиот процес, се контролира и каква ознака е поставена од трговците за период од шест месеци, дали има некаква манипулација и врз основа на овој извештај од Инспекторатот, ние како Влада ќе ги преземеме соодветните мерки“, нагласи Дурмиши на прес-конференција на крајот од минатата недела.

Поранешниот вицепремиер за економска политика во владата на СДСМ, Фатмир Битиќи пред неколку дена во интервју изјави дека „доколку правилно се спроведува Законот за нефер трговски практирки, цените ќе се намалат за најмалку 30 проценти“.

Слични содржини