Владата ќе го усвои Законот за укинување на економските директори

од Nikola Popovski
58 прегледи

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи.

Оваа промена, велат од Владата, има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.

-Според новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

Со оваа реформа, Владата се надева дека ќе ги подобри условите и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, овозможувајќи поголема транспарентност и отчетност во работата на здравствените установи, стои во соопштението.

Министерот за здравство, Арбен Таравари најави ревизија на работата на сите клиники и нови смени на директорските позиции, но вели доколку утврдат дека некој директор добро си ја вршел работата ќе остане на функцијата. Фокус на министерството во селдната година, според министерот и натаму останува спојување на клинички, болниците и здравствените домови да се спојат во општа болница во секој град и дигитализација на здравството.

Таравари најави и дека оваа недела ќе почнат со нови назначувања на директорските места, освен на Клиниките за Токсикологија и Онкологија каде веќе има нови раководни лица. Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити е нов директор на Неврологија, Андон Чибишев на Токсикологија. Министерот веќе разреши и десетина економски директори, меѓу нив и Бесија Иљази од Клиниката за токсикологија. Вели приоритет ќе биде и решавање на состојбата на Клиниката. Најави и нови вработувања во здравството.

Слични содржини