18
Министерот за транспорт и еден од вицепремиерите, Александар Николоски информираше дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реконструкција и изградба ново крило на болницата „Св. Еразмо“ – Костозглобна во Охрид.
Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.
Николоски посочи дека Св.Еразмо, специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.