Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Саздовски

од Nikola Popovski
139 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на Васко Саздовски, кој вчера загина во трагичната несреќа во Нови Сад при уривањето на бетонската натстрешница на тамошната железничка станица.

-Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави контакт со неговиот српски колега. Работиме и ќе помогнеме се што е потребно за да, колку што можеме да ја ублажиме болката поради овој немил настан, рече денеска претседателот на Владата.

Македонски државјанин на возраст од 45 години меѓу загинатите во страшната несреќа. Обвинителството во Србија почна постапка за утврдување вина.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека сите што биле под настрешницата загинале, и дека смртта настапила веднаш поради тежината на блоковите. Тој изјави дека уште денес ќе почне утврдување на одговорност за несреќата.

Слични содржини