Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс „Соколана“

Премиерот информира дека околу 700 илјади евра ќе чини реконструкцијата на објектот и враќање во првобитната положба.

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

„Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, да честитам за сето она коешто го прави изминатиов период, но исто така заеднички да сработиме уште повеќе во периодот којшто следи. Еден од тие објекти е и овој за којшто веќе градоначалникот зборуваше. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на советниците, на администрацијата која што ја поддржува успешната работа на градоначалникот овде во Куманово.

За неговата работа како градоначалник можев да се уверам и од оние сведочења коишто ги пренесоа сопствениците или стопанствениците коишто претходно ги посетивме во двата стопански објекта, коишто претходеа на посетата на овој објект таканаречен „Соколана“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на спортскиот комплекс „Соколана“.

Премиерот информира дека околу 700 илјади евра ќе чини реконструкцијата на објектот и враќање во првобитната положба.

-Проектот е изработен, останува уште ние како Влада да ги обезбедиме средствата, во што сум сигурен, средствата ќе бидат обезбедени и ќе почне реконструкцијата на овој објект, кажа меѓу другото Мицкоски.