Владата ќе разгледува предлог: Замената на возачките со новото име да биде бесплатна

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска информираше дека до денеска се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550.000 возачки дозволи. Според него, секое ширење на паника и секое давање на популистички изјави кои што не се во насока на решавање на проблемот со личните документи, не носат ништо добро и затоа истакна Ковачевски, пратеничката група на СДСМ и претседателот на Собранието дојдоа до консензус и предлог за да се продолжи рокот на важност на возачките дозволи со старото име, за внатрешна употреба, до крајот на 2024 година.

Ковачевски информираше дека денеска на владина седница, ќе биде предложено решение со кое што замената на возачките дозволи до крајот на годината, со уставното име Република Северна Македонија, ќе биде бесплатна, односно на трошок на државата.

-Се надевам дека МВР со своето раководство ќе успее да обезбеди навремено снабдување со обрасци, во делот на издавањето на патните исправи. Обрасците не се произведуваат во земјава, туку во Германија, истакна доскорешниот премиер по средбата со пензионери во Куманово.

Околу проблемот и пренатрупаноста со термини, Ковачевски вели дека не е добро да се даваат лажни изјави.

-Бевме сведоци во изминатите четири години дека дел од политичарите велеа „немојте да ги менувате документите бидејќи ќе го вратиме името“. Сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата и не велат дека ќе го вратат името и дека ќе го сменат Уставот, додаде лидерот на СДСМ.

Слични содржини