Ве известуваме дека денеска, 28.06.2024 година (петок) со почеток во 12:00 часот во просториите на Владата ќе се оддржи првата седница на Владата на Република Северна Македонија.
На седницата меѓу другото ќе се дискутира за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.
Во неделата, Собраниета со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиот фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.
Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Мицкоски стана 13-тиот премиер, а ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.