Владата на Србија му даде зелено светло на Рио Тинто

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Владата на Србија вчера одобри продолжување на работата на австралиската групација Рио Тинто за контроверзната експлоатација на литиум, неколку дена по судската одлука која го отвори патот во таа насока.

Владата „презема мерки за воспоставување на правниот поредок што постоеше пред усвојувањето на прописите прогласени за неуставни“, пренесува агенцијата АФП од официјалниот текст на Уредбата за утврдување на Просторниот план на областа со посебна намена за спроведување на проектот за експлоатација и преработка на минерали, наречен „Јадар“.

Одлуката уследи по пресудата на Уставниот суд на Србија во четвртокот дека одлуката на Владата на Србија во 2022 година да ја суспендира лиценцата на австралиската група по масовните демонстрации „не е во согласност со Уставот или законот“.

„Владата ќе одговара за секое нарушување и конфликт во општеството затоа што го погази Уставот, ги окупираше институциите и стана марионета на странски интереси“, рече Саво Манојловиќ, директорот на кампањата „Движење-промени“, еден од главните противници на проектот. Тој ги обвини владините претставници за „заканувачки судења“ на противниците на ископувањето литиум во Србија, кои, според неговите зборови, го бранат Уставот.

„Ви требаа две години да најдете храброст да ни се заканите со судски процеси затоа што го браниме Уставот. Судете ни. Но еден ден сите ќе бидат судени според историјата. Историјата ќе докаже дека сме во право. Сега ни се заканувате, но на сите вас ќе ви суди независен обвинител“, наведе Манојловиќ во објава на социјалната мрежа Икс.

Претходно, членот на Претседателството на владејачката СНС, Владимир Ѓукановиќ, оцени дека секој што најавува конфликти, насилство и немири треба да биде приведен и кривично гонет. Ѓукановиќ напиша дека е време да им се „застане на патот на насилниците и кочничарите на развојот на Србија“.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ навести дека Србија би можела да започне со екстракција на литиум веќе во 2028 година, по новите гаранции од Рио Тинто.

Слични содржини