81
Владата на Обединетото Кралство ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Србија дека во оваа балканска земја не е исклучена можноста од терористички напади, пренесува „N1“ телевизија.
На страницата за патувања во Србија, во делот „тероризам“ стои дека во јуни напаѓач со самострел застрелал полицаец пред израелската амбасада и дека не се исклучува можноста од терористички напади и во иднина.
Во соопштението се вели дека мети може да бидат верски објекти, дека е можно да има зголемени безбедносни сили на настаните на кои се собираат голем број луѓе и се советува да се следат советите на локалните власти.