Владата не е контактирана за црната листа на САД, рече Ковачевски

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски по враќањето од Брисел и присуството на самитот ЕУ-Западен Балкан, порача дека блокадата на евроинтеграцискиот пат на земјава има име и презиме, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

-Се друго е дефокус, замена на тези и бегање од реалноста. Овој процес нема да заврши. Јас сум убеден дека Северна Македонија има политичка сила и луѓе со визија кои што таа одлука ќе ја донесат и по отворањето на поглавјата, до 2030 година ќе станеме членка на Унијата, истакна претседателот на Владата говорејќи за уставните измени, што е услов за земјава да ги продолжи преговорите со ЕУ и закажување на Втората меѓувладина конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски вели може скоро да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на техничката влада, но како што рече, тоа нема да бидат помпезни лидерски средби како што знаат да бидат обично.

-Не би сакал да шпекулирам или да коментирам во процес кој што Владата не е вклучена. Тоа е прашање до оние кои што водат такви процеси, а тоа се САД. Владата не е контактирана во однос на ова прашање, кажа премиерот, запрашан дали стравува дека некој функционер од Владатта и СДСМ може да биде ставен на црната листа на САД.

Слични содржини