Владата не може да коментира истрага и тоа што може да се каже е дека лекарите поминаа деноноќна борба за реанимирање на младиот пациент кој за жал почината, а Министерство за внатрешни работи во соработка со обвинителството постапи според доказите, одговирија владините порпароли на прашањето на „Локално“ каков е ставот на Владата како се справи МВР со случајот „Денис Тот“, кој го загуби животот откако беше нападнат и претепан пред дискотеката „Привилиџ“, и дали ќе побараат одговорност од министерот Спасовски поради начинот на кој е воден случајот.
На истото прашање тие се надворзаа дека се приведени двајцата осомничени, додека првоосомничениот по кој била распишана потерница синоќа се предаде откако полицијата презема мерки и активности.
– Очекуваме институцииите секоја во рамките на своите надлежности да бидат ангажирани до завршување на истрагата и до спроведување на виновниците пред правосудните органи, изјави портпаролот Арсовски.