Владата не се откажува од субвенции за евтини авиолинии и покрај светската криза со горивата

„Керозинот во Македонија е најевтин споредено со регионот што директно го поттикнува авиосообраќајот, велат од Владата за „Локално“

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: WizzAir

Нема најави за откажување на летови од авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми поврзано со кризата со горивата, а Владата ќе продолжи да ги субвенционира евтините летови.

Од Владата за „Локално“ изјавија дека остануваат целосно посветени на развој на авиосообраќајот и дека нема да ги скратат субвенциите за евтини летови, поврзано со кризата со горивата и најавите на повеќе европски земји дека размислуваат да го ограничат летовите за да се олесни надминувњето на нафтената криза.

-Владата преку Министерството за транспорт, останува целосно посветена на развој на авиосообраќајот и  ќе продолжи да овозможува финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии за што има обезбедено средства во Буџетот, изјавија од  Владата.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/Алфа ТВ

Од таму додаваат дека засега нема најава од некоја од авиокомпаниите за откажување на линии и дека се реализира воспоставениот ред на летање, без откаувања.

Дел од светските авиокомпании по почнување на конфликтот на Блискиот исток најавија дека е неизбежно зголемување на цените на  авиобилетите, бидејќи нафтената криза влијае на зголемување на дополнителни трошоци. Дел од европските земји најавија дека размислуваат да го намалат бројот на летови, а Меѓународната енергетска заедница препорача да се намалат намалат летовите кои не се неопходни.

-Цената на керозинот во Македонија е најевтина споредена со регионот што директно го поттикнува авиосообраќајот, а дополнително и бројките во првите два месеца од годината покажуваат зголемување на бројот на патници за околу 30 % во однос на истиот период минатата година, како и зголемување на бројот на летови за 20 проценти во однос на периодот јануари-февруари 2025 година, додаваат од Владата.

Е.Б.