Владата: Неточна е веста дека уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар

од Nikola Popovski
267 прегледи

Владата синоќа информира дека е лажна веста дека наводно уште возач на Брзата помош во Кочани доживеал здравствени проблеми. Оттаму најостро ги осудуваат објавувањата на неточни и непроведени информации кои се лиферуваат во јавноста.

-Веста која вечерва на одредени портали се појави со наслов „Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар“, е неточна. Апелираме до порталите да ги проверат вистинските факти и извори на кои се повикуваат пред да објават било што и да не шират дезинформации со кои ја вознемируваат јавноста. Објавувањето на дезинформации влијаат на психолошкото и ментално здравје и на семејството на жртвите и повредените, но и на сите граѓани кои се ужалостени од овој немил и трагичен настан. Замолуваме за транспарентно објавување на информациите, а најрелевантни информации се оние коишто ги добивате од институциите коишто во моментот работат на целосно расветлување на случајот, истакнаа од Владата.

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани денеска во Кочани, Скопје, Штип, Струмица… Македонската влада предложи во Кочани да биде неработен ден поради погребот.

Идентификувани се сите 59 жртви во невидената трагедија ноќта меѓу 15 и 16 март, а обдукцијата е завршена, изјави пред два дена министерот Панче Тошковски.

Вкупно 196 лица се повредени во пожарот. Дел од нив се лекуваат во земји од соседството, но и подалечни европски држави.

Слични содржини